Националните ресторани "МАКЕДОНСКА КУЌА" се најафтентичното обележје на македонскиот дух во угостителството. Тие претставуваат и своевидни ресторани - музеи во комфорт на амбиентални градби збогатени со непроценливи колекции на сувенири и орнаменти, стари и по неколку векови.
Оригиналните рецепти верни на традицијата се одлика на обилната и гурманска кујна, типична за овие простори.
Нотите на македонската музичка иметност неретко ги надополнуваат и настапите во живо на национални ансамбли и играорни грипи.
Националниот ресторан “Македонска Куќа” во Прилеп е повеќе пати прогласуван за најдобар национален ресторан во Македонија.
Со капацитет од 700 седишта “Македонска Куќа” Прилеп е гурманска дестинација и туристичка атракција која со години ги обединува и македонците и светот во срцето на Македонија.
|