Одбери јазик
hrvatski
Македонски
English
Ресторан МАКЕДОНСКА КУЌА Резервации Локација Контакт

Македонска Куќа
Ул. "Митрополит Теодосиј Гологанов" б.б.

Резервации:

Тел: (Скопје)+389 2 3296 415
Тел: (Прилеп)+389 48 433 419
Моб: +389 70 208 519

Работно време 08 - 24

contact@makedonskakuka.com

  Уживајте во пријатниот амбиент на рестораните Македонска Куќа



Националните ресторани "МАКЕДОНСКА КУЌА" се најафтентичното обележје на македонскиот дух во угостителството. Тие претставуваат и своевидни ресторани - музеи во комфорт на амбиентални градби збогатени со непроценливи колекции на сувенири и орнаменти, стари и по неколку векови.

Оригиналните рецепти верни на традицијата се одлика на обилната и гурманска кујна, типична за овие простори.
Нотите на македонската музичка иметност неретко ги надополнуваат и настапите во живо на национални ансамбли и играорни групи.
Националниот ресторан Македонска Куќа е повеќе пати прогласуван за најдобар национален ресторан во Македонија, гурманска дестинација и туристичка атракција која со години ги обединува македонците и светот во срцето на Македонија.











.: Македонска Куќа : Прилеп

Националниот ресторан “Македонска Куќа” во Прилеп е повеќе пати прогласуван за најдобар национален ресторан во Македонија. Со капацитет од 700 седишта претставува гурманска дестинација и туристичка атракција која со години ги обединува и македонците и светот во срцето на Македонија.
.: Македонска Куќа : Скопје

Новоотворениот национален ресторан “Македонска Куќа” во Скопје нуди комфорт за 350 гости. Обиколен со сопствен паркинг во зелената површина наспроти поранешната фабрика Алумина, ресторанот плени со својата убавина и душа.
Плаќање со кредитни картички!